Енергетската градба отвора нови работни места

Bez autora
Jul 16 2013

Од почетокот на наредната година сите правни субјекти во Македонија што се занимаваат со градежни работи ќе мора да имаат изготвено елаборат за енергетска ефикасност за да добијат дозвола за градба, изјави вчера министерот за економија Ваљон Сарачини по презентацијата на Правилникот за енергетска ефикасност во јавните згради и Правилникот за енергетски контроли во Сојузот на стопански комори. Тој прецизира дека околу 40.000 работници работат во градежниот сектор во земјава, а до 2020 година ако се имплементираат сите мерки за енергетска ефикасност, ќе бидат потребни околу 10.000 нови работници. Сарачини ги повика сите градежни компании да се пријават на конкурсот на Агенцијата за енергетика, да ги завршат обуките и да се стекнат со сертификат и лиценца за енергетски контролор. Задачата на енергетските контролори ќе биде да издаваат енергетски пасоши.

Енергетската градба отвора нови работни местаОд почетокот на наредната година сите правни субјекти во Македонија што се занимаваат со градежни работи ќе мора да имаат изготвено елаборат за енергетска ефикасност за да добијат дозвола за градба, изјави вчера министерот за економија Ваљон Сарачини по презентацијата на Правилникот за енергетска ефикасност во јавните згради и Правилникот за енергетски контроли во Сојузот на стопански комори.

Тој прецизира дека околу 40.000 работници работат во градежниот сектор во земјава, а до 2020 година ако се имплементираат сите мерки за енергетска ефикасност, ќе бидат потребни околу 10.000 нови работници. Сарачини ги повика сите градежни компании да се пријават на конкурсот на Агенцијата за енергетика, да ги завршат обуките и да се стекнат со сертификат и лиценца за енергетски контролор. Задачата на енергетските контролори ќе биде да издаваат енергетски пасоши.

- Согласно Законот за енергетика во рок од три години, сите јавни објекти треба да имаат енергетски пасош, кој ќе кажува колку енергија трошат годишно. Тоа е добра основа за да се увиди кои институции трошат најмногу - рече Сарачини.

Последната анализа на Министерството, додаде, покажа дека од вкупната потрошувачка на енергија во јавниот сектор дури 56 отсто отпаѓа на здравствениот сектор, а 23 проценти на секторот образование.

Претседателот на градежната комора Сеад Kочан посочи дека со воведувањето на стандардите за енергетска ефикасност се отвора нова ера во градежништвото.

- Тоа, пред с`, ќе значи нови работни места и зголемување на продажбата на материјалите што се вградуваат за подобрена енергетска ефикасност. Тоа значи и дека ќе се вградуваат поквалитетни материјали во становите и оти ќе живееме во поздрава животна средина - рече Kочан.

Вградувањето поквалитетни материјали, според него, не значи и вградување поскапи материјали, а подобрувањето на енергетската ефикасност не треба да се гледа како трошок, туку како инвестиција што се враќа краткорочно или среднорочно.

Согласно препораките од Европската Унија имаме обврска до 2020 година целосно да реновираме 1,1 милион квадратни метри од постојните објекти или околу 3 проценти од приватниот и 5 проценти од јавниот станбен фонд.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik